Уставниот суд избира нов претседател

Скопје, 29 октомври 2010 (МИА) -  Уставниот суд на Република Македонија денеска ќе избира нов претседател, бидејќи на 1-ви ноември му завршува тригодишниот мандат на актуелниот прв човек на Судот Трендафил Ивановски.

Ивановски за судија на Уставниот суд е избран на 7 мај 2003 година, а претседател на Судот е од 1 ноември 2007 година.

Претседателот на Уставниот суд се избира од редот на судиите со тајно гласање на работна седница. За претседател ќе биде избран кандидатот кој на гласањето ќе добие двотретинско мнозинство, односно шест од девет гласа.

Кандидати за претседател на Уставниот суд можат да бидат судиите Вера Маркова, Бранко Наумоски, Игор Спировски, Зоран Сулејманов, Исмаил Дарлишта, Наташа Габер-Дамјановска и Гзиме Старова.

Судијата Лилјана Ингилизова - Ристова нема право да се кандидира за претседател на Судот, бидејќи ја извршуваше таа функција во период од 2003 - 2006 година.

Мандатот на претседателот на Уставниот суд е три години, без право на реизбор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...