Бранко Наумоски нов претседател на Уставниот суд

Скопје, 29 октомври 2010 (МИА) - Судијата Бранко Наумоски е избран за нов претседател на Уставниот суд, на местото на досегашниот Трендафил Ивановски чиј тригодишен мандат истекува на 1 ноември.

Наумоски го доби потребното двотретинско мнозинство на тајното гласање на денешната седница на Уставниот суд.

Мандатот на претседателот, кој се избира од редовите на судиите на Уставниот суд е три години, без право на реизбор.

Досегашниот прв човек Трендафил Ивановски, за судија на Уставниот суд е избран на 7 мај 2003 година, а негов претседател е од 1 ноември 2007 година.

Бранко Наумоски е роден 1951 година во с. Букојчани, општина Кичево. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1975 година. По дипломирањето, истата година, се вработил како приправник во Основното јавно обвинителство во Скопје, а по полагањето на правосудниот испит во 1977 год па до 1980 работи како стручен соработник во истото обвинителство.

Во 1980 година од Собранието на општините во Скопје е избран за заменик на Основниот јавен обвинител во Скопје, која функција ја врши се до 1987 година.

Од 1987 до 1995 година во два мандата од Владата на Република Македонија е именуван за помошник на Министерот за правда во Министерството за правда.

Во 1995 година од Владата на Република Македонија именуван е за директор на Државниот управен инспекторат, орган во состав на министерството за правда.

На 3.07.1997 година од Собранието на Република Македонија избран е за Народен правобранител на Република Македонија на која функција останува се до изборот за судија на Уставниот суд на Република Македонија.

За судија на Уставниот суд на Република Македонија е избран на 6.12. 2004 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...