Дејан Лилиќ нов директор на МНТ

Скопје, 8 ноември 2010 (МИА) - Актерот Дејан Лилиќ е избран за директор на Македонскиот народен театар, соопшти денеска Министерството за култура.

Mинистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, врз основа на предлог на Комисијата за селекција на кандидати за избор на директор на НУ Македонски народен театар – Скопје, одлучи дека Лилиќ ги исполнува општите и посебните услови утврдени со Конкурсот, а во согласност со доставената програма за работа и развој на Установата за периодот 2010-2014 година поседува стручни и други квалитети за директор.

- Понудената програма е насочена, пред сè, кон градење на една нова театарска естетика која води кон отворање на нови полиња на театарско дејствување со посебен осврт кон модернизација и осовременување на маркетингот и достапноста на театарот преку глобалните мрежи за комуникација. Во програмата е посветено сериозно внимание на поттикнувањето и промовирањето на современата македонска драматургија преку организирање на јавни читања и конкурси за современи текстови, поставување на најдобриот текст и публикување на најдобрите драми во посебна двојазична едиција заради меѓународно промовирање на нашите драмски автори, се вели во соопштението.

Меѓу другото, наведено е и збогатување на репертоарот со гостување на релевантни театарски куќи од регионот и од Европа кои би биле атрактивни и интересни за публиката, а компаративни за екипите и авторите кои ќе творат во МНТ.

Конкурсот за избор на директор на МНТ беше објавен во весниците „Утрински весник“ и „Коха“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...