Ослободени четворица осомничени за убиството на српскиот турист во Охрид

Охрид, 12 ноември 2010 (МИА) - Поради недостаток на докази за инволвираност Основното јавно обвинителство во Охрид се откажа од кривичен прогон против четворица од осумтемина осомничени за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ, кое кон крајот на месец август се случи во центарот на Охрид.

Јане Шокароски, Петар Шенгулоски, Борче Чулукоски и Јован Ѓорески, сите од охридско, се четворицата ослободени од обвинението и се очекува тие вечерва да бидат пуштени дома од притворот што го издржуваа во Истражниот затвор во Скопје.

Во притвор остануваат тројца охриѓани, додека српскиот државјанин за кој постои основано сомнение дека бил вмешан во инцидентот, се уште е недостапен за органите на прогонот.

Адвокатите од одбраната на ослободените се задоволни од одлуката на Обвинителството, од кое се очекува утре и официјално да подигне обвинение за тепачката. Адвокатите на притворените бараат промена на обвинителниот акт кој осомничемните ги товари за свирепо убиство, во обвинение за убиство од небрежност за што максималната казна затвор изнесува до пет години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...