Полицијата е повлечена, заврши инспекциска контрола на „Перо Наков “ бб, А1 обвинува за упад

Скопје, 26 ноември 2010 (МИА) - Полицијата се повлече во раните утрински часови откако се земени сите потребни материјали од страна на инспекторите од Управата за јавни приходи и финансиската полиција, кои би можеле да укажат на евентуален направен криминал од фирмите регистрирани на адреса „Перо Наков“ б.б., а кои не се поврзани со работењето на А1 телевизија.

- За време на повлекувањето на полицијата воопшто не е регистриран никаков инцидент. Во однос на изјавите дека наводно бил нападнат уредникот Младен Чадиковски би сакале да веруваме дека не се работи за уште една манипулација. Досега нема ниту една поплака или жалба до Секторот за внатрешни работи и професионални стандарди при МВР, изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.

Приватната телевизија А1 синоќа објави дека полицијата извршила упад во телевизијата, што веднаш беше демантирано од МВР од каде информираа дека се работи за полициска асистенција побарана од страна на инспекторите на Управата за јавни приходи и финансиската телевизија, кои вршеле увид во финансиското работење на шест фирми на иста адреса „Перо Наков“ б.б. во Скопје.

МВР соопшти дека „А1“ не е меѓу фирмите за кои финансиската полиција има обезбедено судска наредба за обезбедување документација, за контрола за финансиското работење. Напротив се работи за фирми чија примарна дејност, според налогот за кој што се регистрирани е трговијата со прехранбени и други продукти. МВР апелира новинарите да не дозволат да бидат измамени и изманипулирани, да постапуваат спротивно на нивниот етички кодекс и да бранат туѓи финансиски интереси на фирми кои немаат допирна точка со медиумите.

Претставници на А1 телевизија изјавија дека нивни новинари и сниматели биле спречени да влезат во телевизијата, да ја вршат редовната работа и оти некои од нив дури биле и туркани од полицијата. Тврдат дека на инспекторите им биле овозможени услови да извршат контрола и оти не била потребна полициска асистенција.

Пред А1 синоќа беше собрана поголема група граѓани, како и претставници на опозициски политички партии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...