Истрагата ќе покаже што е причината за несреќата во Тетовската болница

Скопје, 29 ноември 2010 (МИА) - Министерот за здравство Бујар Османи попладнево, по посетата на Тетовската болница каде денеска при пад на покривот на установата загина едно лице, изјави дека е почната истрагата која треба да покаже дали невремето или човечки фактор е причина за несреќата.

Министерот Османи попладнево во придружба на вицепремиерот Абдулаќим Адеми ја посети болницата во Тетово и се сретна со раководството на здравствената установа. Целта на посетата беше да се утврдат идните активности со чие преземање ќе се гарантира безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал.

- Покривот е релативно нов и е поставен пред околу три години, односно на почетокот од 2008 година. Последните случаи од Гостивар и Тетово покажуваат лоша состојба на објектите што бара веднаш да се спроведе увид за состојбата на сите здравствени установи во Македонија, рече министерот Османи.

Тој истакна дека е шокиран од денешната несреќа во Тетово и му изрази сочувство на семејството на почината девојка.

Директорот на Клиничката болница во Тетово Атила Реџепи, посочи дека поради тоа што покривот бил направен пред помалку од три години не бил земен предвид за реконструкциите кои моментално се спроведуваат на дел од објектите на болницата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...