Односите со Србија меѓу приоритетите на Македонија

Белград, 6 декември 2010 (МИА) - Добрата соработка со Србија и со останатите соседни земји е еден од приоритетите на Македонија, вели македонскиот премиер Никола Груевски во денешното интервју за „Б-92“.

- Меѓу двете земји постои нормална комуникација, одлична економска и политичка соработка, кои можат да бидат уште подобри, оценува Груевски.

Цел на Македонија, посочува,  е што побрза интеграција во НАТО и ЕУ, но на тој пат има голем проблем наметнат од Грција во врска со уставното име.

Прашан за идејата на српскиот претседател Борис Тадиќ во регионот да се воспостави „скандинавски модел“ на соработка  со заеднички дипломатски претставништва, Груевски оценува дека тоа не е лоша идеја, но оти е потребно претходно добро да се анализира.

За протестите на опозициската СДСМ во Скопје, македонскиот премиер вели дека не е загрижен и оти легитимно право на опозицијата е да протестира и да бара предвремени избори, но оти легитимноста на актуелната власт е потврдена неколкупати со убедливи изборни победи.

- На многу регуларни избори победивме уште во 2005, на локалните избори, и 2006 на парламентарните избори. Победивме и тоа убедливо и на вонредните парламентарни избори во 2008. Сегашната опозиција немаше никакви негативни коментари околу организацијата на изборите, а меѓународните институции не рекоа дека победата на ВМРО-ДПМНЕ е нерегуларна, туку напротив дека победивме сосема легитимно, изјави премиерот Никола Груевски во интервјуто за Б92.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...