Не постојат објективни причини за предвремени парламентарни избори

Скопје, 9 декември (МИА) - Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна вечерва одлучи да не го прифати предлогот на опозицијата за предвремени парламентарни избори бидејќи, како што истакнуваат, во моментот не постојат никакви објективни причини и оправданост за прекинување на доверениот четиригодишен мандат од страна на граѓаните за остварување на ветените проекти во програмата.

- За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо само поради едно блефирање и покерашкиот пристап во политиката на Бранко Црвенковски целосно да ја дефокусираме енергијата насочена кон спроведувањето на ветената четиригодишна програма, борбата против криминалот и корупцијата, справувањето со последиците од светската економска криза, напорите за реализација на евроатланските аспирации и напорите за остварувањето на сите останати државни и национални интереси, се наведува во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. 

Доколку сега се распишат предвремени парламентарни избори предноста на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, како што истакнуваат од партијата, ќе овозможи најмалку двојно повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ отколку СДСМ и сигурен нов четиригодишен мандат.

- Свесни дека СДСМ и Бранко Црвенковски оваа одлука на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обидат да ја злоупотребат за сопствено политичко поентирање им порачуваме дека ќе бидат разочарани на следните избори кога ќе се соочат со реалноста, се додава во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ појаснуваат дека во 2008 година македонскиот Парламент беше блокиран и од тие причини оваа партија прифати предвремени избори со цел деблокирање на Собранието и продолжување на реформите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...