И Македонија во Викиликс

Скопје, 9 декември 2010 (МИА) - Викиликс ги објави првите тајни депеши на американскиот Стејт департмент испратени од Скопје. Една од двете белешки нотира работна вечера на поранешната амбасадорка Џилијан Миловановиќ со екс-премиерот Владо Бучковски, пренесува Дојче Веле програма на македонски јазик.

Поранешниот македонски премиер Владо Бучковски лично се залагал кај Трибуналот во Хаг за одлагање на враќањето на четирите случаи со наводи за воени злосторства од конфликтот во 2001 во текот на 2006-та година, покажуваат тајните депеши на Американската амбасада во Скопје испратени до централата во Вашингтон. На работна вечера со тогашната амбасадорка Џилијан Миловановиќ, Бучковски се обврзал и дека тој и неговиот министер за внатрешни работи, во тоа време, Љубомир Михајловски ќе го продолжат молкот во однос на случајот „Калид Ел Масри“ и покрај барањата на Советот на Европа и на претставници на ЕУ. 

Јавниот обвинител Александар Прчевски кон крајот на февруари 2006-та имал закажано средба со високи претставници на Хашкото обвинителство на која требало да бара ново одложување на враќањето на четирите досиеја со наводи за воени злосторства од конфликтот во 2001-та, за кои Трибуналот одлучи да не поведува постапка. Бучковски на Миловановиќ и соопштил дека инсистирал Прчевски да бара само вербални ветувања за одложувањето на враќањето, затоа што се плашел дека било каков пишан документ или документ на оваа тема би можел да биде злоупотребен од тогашната опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ за напади врз Владата дека е премногу мека кон Албанците.

Во продолжение на белешката е наведен коментар на американските претставници кои велат дека тврдењата на Бучковски се во спротивност со претходно изнесените ставови на тогашната министерка за надворешни работи Илинка Митрева. Од тоа, Амбасадата на САД во Скопје заклучила дека во Владата постои недоволна координација меѓу Бучковски и Митрева и тогашниот шеф на државата Бранко Црвенковски. Притоа се забележува дека Бучковски на локалните медиуми им изјавил дека враќањето на четирите случаи од Хаг треба да причека до завршувањето на правосудните реформи во земјата, до крајот на годината.

Што се однесува до случајот со киднапирањето на германскиот државјанин Калид Ел Масри, Бучковски и ветил на Миловановиќ дека ќе продолжи да го поддржува тогашниот министер за внатрешни работи кој одбивал да го дискутира случајот со новинарите во земјата.

„На Бучковски му олесна кога слушна од амбасадорката дека ни САД нема да го менуваат курсот по ова прашање, и дека ќе продолжат да одбиваат да зборуваат јавно за него“, стои во депешата. Бучковски побарал од амбасадорката за ова прашање да се консултира и со германската амбасада во Скопје, затоа што Германците вршеле притисок врз Македонија да биде поотворена на оваа тема, но Миловановиќ одбила.

Меѓу документите што Амбасадата на САД ги испратила во Вашингтон е и класифицирана информација за подготовките на Македонија за членство во НАТО. - За да се смета за силен кандидат за членство во НАТО и да добие покана во 2008 година, Македонија треба да исполни неколку клучни критериуми, меѓу кои, зајакнување на демократијата и владеење  на правото и борбата против корупцијата, стои во документот.

Во делот на борбата против корупцијата се посочува на Извештајот на Транспаренси интернешенл од 2005 во кој Македонија бележи пад од 104. на 159. место. Во документ испратен до Стејт департментот се порачува дека за да ја зацврсти својата кандидатура за НАТО, неопходно е земјата да ја зголеми и ефикасноста на судскиот систем. 

Како забелешка е посочена можноста на одбраната во граѓанските спорови преку жалбени процедури да се одолговлекуваат постапките, што ги спечуваат македонските судови да донесат конечни пресуди. Како пример се наведува неможноста да му се наложи на сопственикот на ТВ А1 да ги врати долговите на американскиот Фонд за развој на медиуми.

Во делот на безбедноста и разузнавањето се оценува дека трите разузнавачки агенции Агенцијата за разузнавање, Военото разузнавање и Дирекција за безбедност и контраразузнавање, кои директно одговараат на различни субјекти - претседател на држава, Министерство за одбрана и МВР, тесно не соработуваат и не се реформирани.

Според најавите, се очекува на Викиликс да се појават најмалку 500 депеши испратени од американската амбасада во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...