Собрани дела на Васил Куноски во издание на „Три“

Скопје, 22 декември 2010 (МИА) - Собрани дела од Васил Куноски, еден од основоположниците на македонската литература за деца и меѓу авторите на првиот Буквар на македонски јазик, иницијатор на првите списанија за деца во Македонија, беа промовирани денеска, објавени од издавачот „Три“, а ќе бидат дистрибуирани во училиштата и библиотеките низ земјава.

Во три тома и на над 750 страници првпат е собрано целокупното творештво на Куноски, песнички и гатанки од писателот кој од 1950 до 1993 објавил 25 стихозбирки за деца.  Реализацијата на проектот е поддржана од семејството Куноски, а неговата поезија е „оживеана“ со илустрациите на Александар Сотировски.

- Како доказ дека и во ерата на визуелното зборот и позитивните примери на традицијата се уште се почитуваат, ни покажува еден од втемелувачите на литературата за деца - авторот на сите генерации Васил Куноски. Како врвен педагог кој сиот свој живот го посвети на разбирањето на потребите на децата, кој знаеше да ги следи нивните желби и да се прилагодува на нивните барања, знаеше да направи совршен спој на она што ќе претставува содржина која за децата ќе биде забавна, но едновремено и поучна и ќе го развива чувството за убавото..., рече министерот за образование и наука Никола Тодоров на промоцијата на книгите.

Весна Мојсова-Чепишевска, авторка на предговорот кон Собраните дела, истакна дека е импозантно сето тоа што Куноски го направил во литературата за деца.

- Тој е врвен создавач на стихот. Главната тема нему му е детството - неговото детство, детството на неговите најблиски - на неговите деца, на неговите внуци. Како да не сакал да порасне - останал во тој свет - искрен, наивен, чист, убав, разигран. Такви му се и стиховите. Она што мене ме изненади, зашто го препрочитав со една дистанца, е што за некои стихови не знаев дека се негови, а веќе се пренесуваат како народно творештво и ги кажуваат учителките, изјави Мојсова-Чепишевска.

Александар Сзадов од „Три“ рече дека е огромна чест за еден издавач да објави дела од доајен на литературата за деца. - Со овој чин ќе ги направиме достапни на сите сегашни и идни генерации песничките со кои ние растевме. Ова културно наследство кое се пренесува од колено на колено..., рече Саздов.  

Васил Куноски (Дебар, 1916 - Скопје, 1993) својот работен век го поминал како уредник на литературата за деца во издавачките куќи „Македонска книга“ и „Детска радост“, каде што ги објавил и своите први стихови. Голем дел од неговите песни се преведени и објавени надвор од Македонија.Автор е на многу текстови за песнички на „Златно славејче“. Креатор и уредник на голем број списанија за деца, меѓу кои и на популарниот „Наш свет“ со кој израснаа генерации основци во земјава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...