Deutsche Welle

Сопственикот на А1 телевизија приведен во полиција

Пред А1 телевизија во ноември 2010
Сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски, директорката на телевизијата Анета Кочишки и уште неколкумина управители на фирми од Перо Наков б.б од синоќа пред полноќ се приведени од страна на полицијата.

Велија Рамковски бил приведен од пред просториите на телевизијата од страна на припадници на полициските единици алфи и според информациите бил однесен во полициската станица Автокоманда во Скопје. Портпаролот на македонското МВР доцна синоќа за Дојче веле потврди дека групата била приведена под сомнение дека сториле кривично дело, злосторничко здружување: „До овој момент приведени се 13, од 24 осомничени дека учествувале во злосторничко здружение. Полицијата продолжува да трага и по останатите инволвирани. Со сите нив вечерва ќе се разговара во полициските станици по што ќе следуваат соодветни кривични пријави“, изјави Иво Котевски. Тој не кажа за точно колкава сума станува збор, освен дека се работи за милиони евра. Деталите ќе ги дала истрагата.

Директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски кој синоќа гостуваше во неколку национални телевизии изјави дека имало докази за злоупотреби и криминал во 11 фирми, но не и во телевизијата А1. Адвокатот на Рамковски реагираше на начинот на кој осомничените биле приведени. Во изјава за медиумите пред полициската станица во Автокоманда Мирослав Вујчиќ ја нарече целата акција за извитоперена: „Немаме кривична пријава, немаме постапка, процедурата досега е крајно извитоперена, ова е невидено нешто што се случува. Обвиненија се истакнуваат и кривични пријави се кажуваат првин на една телевизија, а потоа ние како адвокати да дознаеме преку медиуми за што се обвинува еден човек.“

Инаку случајот со А1 и фирмите регистрирани на истата адреса започна на 25 ноември, кога полицијата асистирајќи на инспектори на Управата за јавни приходи и финансиската полиција цела ноќ го држеше под блокада објектот во кој е сместана телевизијата. Новинарите тогаш ја обвинуваа полицијата дека извршила брутален упад и им го скратила правото на слобода на движење. Во последниов период Велија Рамковски јавно преку трибини на средби со граѓаните предупредуваше дека започнала битката за уривање на А1 телевизија. Тој отворено ја напаѓаше актуелната власт за воспоставена диктатура и повикуваше на уривање на како што вели тоталитарниот режим во Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...