Скопскиот аеродром отворен за полетувања, а затворен за слетувања

Скопје, 10 јануари 2011 (МИА) - Скопскиот аеродром „Александар Велики“ денеска е отворен за полетувања, а се уште затворен за слетувања поради намалена видливост од густата магла.

Од аеродромот информираат дека нормализирање на сообраќајот во двете насоки се очекува околу 12 часот.

Аеродромот вчера беше затворен за сообраќај поради густата магла. Откажани беа летовите за Виена, Будимпешта, Загреб, Белград, Подгорица и Бурса, а не беше овозможено ниту слетување на авионите. Дел од нив се враќаа, а дел се пренасочуваа кон охридскиот аеродром.

Во патниот сообраќај маглата засега не предизвика поголеми проблеми. Од АМСМ информираат дека  сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно, по главно влажни коловози во утринските часови. Намалена видливост има на патните правци Куманово – 30 метри, Скопје – 30 метри, Тетово – 50 метри, Штип – 30 метри, Сарамзалино – 50 метри, Петровец – 30 метри, планинскиот превој Кула – 50 метри, Велес – 50 метри, Неготино – 200 метри, Демир Капија – 150 метри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...