Скопскиот аеродром затворен, летовите се пренасочуваат кон Охрид

Скопје, 10 јануари 2010 (МИА) - Скопскиот аеродром „Александар Велики“ и понатаму останува затворен за слетувања, иако очекувањата беа дека попладне сообраќајот ќе се нормализира во двете насоки.

Од аеродромот информираат дека повеќето летови се пренасочуваат кон охридскиот аеродром каде условите за работа се нормални. Досега,  кон Охрид се пренасочени летовите на Austiran Airlines, Czech Airlines, Adria Airlines, Croatia Airlines и Turkish Airlines.

Според временската прогноза, повлекување на маглата поради која беше затворен скопскиот аеродром се очекува утре попладне.

Охридскиот аеродром, пак, функционира непречено со околу 15 операции дневно. Во текот на вчерашниот ден на овој аеродром се реализирани 13 слетувања и полетувања, што е далеку над бројот летови што се реализираат на аеродромот во овој период од годината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...