Скопскиот аеродром отворен за полетувања и за слетувања

Скопје, 11 јануари 2011 (МИА) - Скопскиот аеродром „Александар Велики“ денеска е отворен за полетувања и за слетувања, а нормално функционира и охридскиот „Св. Апостол Павле“.

Како што информираат од аеродромот, утрово слетал авионот од Подгорица, а се очекува и негово полетување.

Аеродромот во Скопје од петокот беше затворен поради намалена видливост од густата магла. Дел од авионите се враќаа, а дел се пренасочуваа кон охридскиот аеродром.

Маглата не предизвикува поголеми проблеми во одвивањето на патниот сообраќај. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно, по главно влажни коловози во утринските часови. Намалена видливост има на патните правци Тетово - 20 метри, Штип - 100 метри, Сарамзалино - 100 метри, Неготино - 150 метри, Битола - 100 метри, Прилеп - 100 метри, Струга - 40 метри, Кичево - 200 метри, Делчево - 50 метри, Велес - 30 метри и Кула - 100 метри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...