Скопје, 16 јануари 2011 (МИА) - Петнаесетина македонски државјани денеска побарале помош од Македонската амбасада во Каиро за безбедно да се вратат во Република Македонија од Тунис, информира портпаролот на Министерството за надворешни работи Борче Стамов.
- Во последните два дена внимателно ја следиме состојбата и развојот на настаните во Тунис. Од причина што немаме амбасада во Тунис побарана е помош од Српската амбасада во таа земја, за што лично се ангажираше и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, истакна Стамов.
Тој посочи дека македонското МНР е во постојан контакт со Македонската амбасада во Каиро и Српската амбасада во Тунис со цел што побрзо и побезбедно враќање на македонските државјани во Република Македонија.