Македонски државјани евакуирани од Тунис

Скопје, 17 јануари 2011 (МИА) - Осум македонски државјани синоќа се евакуирани од Тунис. Тие заедно со група српски државјани околу 21 часот со специјален лет на ЈАТ пристигнаа на аеродромот во Белград, каде што ги пречека македонскиот конзул Александар Новотни.

Во текот на денот со уште еден вонреден лет што го организираат МНР на Србија и ЈАТ, се очекува од Тунис да бидат евакуирани и преостанатите седум македонски граѓани, кои заедно со осуммината веќе пристигнати, вчера побараа помош од Амбасадата на Македонија во Каиро.

Петнаесетте Македонци кои досега побарале помош не се се туристи, туку подолг период работеле во Тунис.

Од причина што Македонија нема своја амбасада во Тунис, нивната евакуација се организира во асистенција со српската амбасада во таа земја.

Во МНР велат дека се во постојан контакт со македонската амбасада во Каиро и српската амбасада во Тунис со цел што побрзо и побезбедно враќање на македонските државјани во Република Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...