Уште четворица Македонци евакуирани од Тунис

Скопје, 17 јануари 2011 (МИА) - Уште четворица македонски државјани се вратија од Тунис и со вонреден лет на ЈАТ  организиран од МНР на Србија попладнево пристигнаа на аеродромот во Белград.

Тие, како и осуммината државјани на РМ кои стигнаа со синоќешниот специјален лет на ЈАТ, побарале од Амбасадата на Македонија во Каиро да бидат евакуирани од Тунис.

Беа пречекани од конзулот на Македонија во Србија Александар Новотни. Во добра здравствена состојба се и вечерва ќе останат во Белград зашто нема слободни места на летот за Скопје. 

Како што информира Министерството за надворешни работи, четири члена на едно семејство од Македонија решиле да останат во Тунис, иако претходно и тие побарале помош од Амбасадата во Каиро. Оцениле дека состојбата се смирува и дека можат да останат во таа африканска земја.

Македонците што се обратиле во Амбасадата за помош не се туристи, туку подолг период работеле во Тунис.

Македонија нема своја амбасада во Тунис, така што нивната евакуација се организира во асистенција со српската амбасада во таа земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...