Втор случај на грипот А Х1Н1

Скопје, 20 јануари 2010 (МИА) - Педесет и петгодишен маж од Кочани е вториот пациент заболен од грипот А (Х1Н1). И тој, како што соопшти Министерството за здравство, како и претходно регистрираниот пациент кој, исто така, е од Кочани, е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести.

Министерството за здравство соопшти дека според информациите од Институтот за јавно здравје, направени се 106 лабораториски анализи за грип, од кои 25 се со позитивен резултат за грип Б.  

Во Скопје се хоспитализирани 21 пациент, од кои четворица се на интензивна нега и четворица се приклучени на аспиратор.

Институтот за јавно здравје предупредува дека во наредниот период се очекува зголемување на бројот на заболените како резултат на отпочнувањето на второто полугодие на школската година. Состојбата со грипот ќе се следи перманентно и согласно ситуација ќе се предлагаат соодветни мерки за превенција и сузбивање на заболувањето кои ќе се доставуваат до надлежните институции.

Поради зголемениот број на појава на пациенти со симптоми на грип, здравствените власти апелираат ако граѓаните добијат симптоми карактеристични за грип како температура, главоболка, кашлица, гушоболка, болки во мускули и изнемоштеност да се консултираат со својот матичен лекар. Лекарот е тој што ќе го одреди начинот на лекување според тежината на клиничката слика.

Министерството апелира до здравствените работници при дијагностицирањето да ја имаат предвид и можноста од заболување од грип, да ги преземат сите мерки за навремено и соодветно лекување или упатување на пациентот во соодветна здравствена установа на повисоко ниво.  

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во текот на втората недела од јануари се регистрирани 2.072 случаи заболени од грип. Во споредба со првата недела од месецот бројот на заболени од грип во втората недела е двојно зголемен.

Најголем број случаи во втората недела се пријавени во Скопје – 260, Тетово – 241, Струмица – 227, Куманово - 203, Битола – 202, Кавадарци – 154, Свети Николе – 151, Дебар - 123  и  Велес - 116.

Најголем број од заболените припаѓаат на возрасната група од 15-64 години (1.014), а најмалку заболени се на возраст над 65 години – 154.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...