Пратениците ќе одлучуваат за измените на Уставот

Скопје, 25 јануари 2011 (МИА) - Пратениците денеска ќе се произнесат за барањето на Владата за измени на Уставот, со кои се предвидува Македонија врз основа на меѓународен договор да може да екстрадира свои граѓани во други земји, но и да бара испорачување на странски државјани што ги гони за организиран криминал, кои го злоупотребиле двојното државјанство или избегнувале казнена одговорност.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски вчера по завршувањето на расправата ги повика пратениците на денешното продолжение на 135-тата седница да присуствуваат и да гласаат за да може да се донесат измените со двотретинско мнозинство.

- Корист од оваа измена на Уставот ќе имаат сите граѓани од Република Македонија, освен криминалците сторители на кривични дела. Секој што сторил казнено дело мора да биде земен на казнена одговорност и не може да стекне каква било имотна корист од извршеното кривично дело, а двојното државјанство не може да биде брана за избегнување на казнената одговорност, рече во образложението министерот за правда Михајло Маневски.

Со измените, како што појасни, се пропишува можност за предавање на државјани на Република Македонија на други земји согласно меѓународен договор и обратно за сторени кривични дела од областа на организираниот криминал, лица кои го злоупотребиле двојното државјанство или избегнувале казнена одговорност.

- Со тоа ќе се оневозможи некој кој што сторил казнено дело да може да ја избегне казнената одговорност или извршувањето на санкцијата со користењето на двојно државјанство. Ова однесување не е прифатливо затоа што ако некое лице стори казниво дело во еден регион, за да ја одбегне казнената одговорност ќе се повлече во одредена држава каде што има државјанство и тоа ќе го штити од одговорност за делото кое го сторил, додаде министерот за правда.

Со уставните измени, како што посочи, ќе се овозможи Македонија да се вгради во редот на држави кои ги прифаќаат највисоките стандарди од аспектот на примената на законските норми и конвенциите за никој да не може да ја одбегнува одговорноста во која било држава и какво било државјанство да има. Маневски додаде дека со измените се овозможува примена и на европскиот налог за апсење.

Во предлог уставните измени е користено хрватското искуство, како и стандардите од сите меѓународни конвенции од оваа област.

Маневски подвлече дека со измените ќе се зајакнат капацитетите за справување со организираниот криминал и корупцијата, чиј интензитет, како што рече, во изминатиот период е зголемен и има сериозни регионални и меѓународни размери.

Опозициските партии се изјаснија дека ќе го поддржат предлогот на Владата, но изнесоа забелешки дека ваквите измени не треба да се прават без претходни консултации со нив.

Според членот 130 од Уставот на Република Македонија, предлог за пристапување кон измена на Уставот може да поднесат претседателот на Републиката, Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани.

На дневен ред на оваа седница е и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција, во прво читање. Измените на законот за лустрација се поднесени од координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ Силвана Бонева и Тахир Хани и пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ и Рафис Алити од ДУИ.

На седницата ќе биде разгледана Информацијата за состојбите и случувањата во Министерството за надворешни работи, поднесена од пратеничките групи на СДСМ, НСДП, ЛП, НА и Нова Демократија.

Во рамките на 135. седница на Собранието, на дневен ред се и неколку ратификации, измени и дополнувања на закони и предлог - закони во прво и во второ читање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...