Уставните измени се носат во три фази

Скопје, 25 јануари 2011 (МИА) - Промената на Уставот на Република Македонија, според собранискиот Деловник, се врши во три фази.

Првата фаза предвидува Собранието да донесе Одлука за пристапување кон измените на Уставот, по предлог на претседателот на државата, Владата, најмалку 30 пратеници или 150.000 граѓани. Одлуката се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

По донесувањето на Одлука за пристапување кон измена на Уставот, Собранието со заклучок утврдува рок во кој  подносителот на предлогот изготвува текст на нацртот  на  амандманите на Уставот, со што започнува втората фаза.

По изготвувањето на Нацрт амандманите тие се разгледуваат повторно на собраниска седница, а Парламентот со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, го утврдува нацртот на секој амандман на Уставот одделно.     

Нацрт амандманите Собранието ги става на јавна дискусија и определува рок за нејзино спроведување.

Третата фаза предвидува изготвување Предлог амандмани на Уставот, кои повторно се разгледуваат на пленарна седница заедно со резултатите од јавната дискусија.

На текстот на предлогот на амандманите на Уставот, предлагачот, секој пратеник, работно тело и Владата кога не е предлагач, можат да поднесат амандмани најдоцна осум дена пред седницата на Собранието на која ќе се усвојуваат уставните амандмани.

Собранието се изјаснува одделно за секој амандман на текстот на предлог амандманите на Уставот, со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Амандманите што ги поднел предлагачот и амандманите со кои тој се согласил се сметаат за составен дел на текстот на предлогот на амандманот на Уставот.

Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници го утврдува предлогот на секој амандман одделно.

Амандманите за измена на Уставот се донесуваат со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Македонскиот Парламент денеска со 90 гласови „за“ донесе Одлука за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија, на предлог на Владата. Со тоа заврши првата фаза од постапката за уставни измени со кои се предвидува Македонија врз основа на меѓународен договор да може да екстрадира свои граѓани во други земји, но и да бара испорачување на странски државјани што ги гони за организиран криминал, кои го злоупотребиле двојното државјанство или избегнувале казнена одговорност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...