Македонија сака решение за името веднаш

Прага, 9 февруари 2011 (МИА) – Македонскиот претседател Ѓорги Иванов во пресрет на денешната средба на медијаторот Метју Нимиц со амбасадорите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, изјави дека „Македонија е за решение сега и веднаш и оти согласно на тоа и се однесува“.

- Реално пристапуваме кон сите иницијативи и предлози на медијаторот Метју Нимиц и сме конструктивни. Не сме како другата страна која може да живее со проблемот со децении или векови бидејќи таа не трпи никакви последици од нивниот проблем со нашето име, рече претседателот Иванов, по завршувањето на официјалната посета на Чешка.

Тој очекува денешната средба во Њујорк да биде конструктивна и да придонесе за решавање на спорот.

- Очекуваме секоја средба и иницијатива на медијаторот Нимиц да оди кон решавање на овој спор кој ни создава многу проблеми во нашите евроатлански интеграции, додаде македонскиот претседател.

Амбасадорот Јолевски, истакна Иванов, ги има ставовите на државниот врв и ќе ги пренесе на средбата со Нимиц.

Претседателот одговараше и на прашање во врска со деблокирањето на сметките на А1 телевизија и весниците Време Шпиц и КОХА Е РЕ и дали тоа отвора можност за враќање на опозицијата во Парламентот со оглед на тоа што ова беше едно од нејзините барања, при што истакна оти тоа е нејзина одлука.

- Во принцип не сакам да коментирам судски одлуки, туку очекувам сите институции и субјекти да постапуваат во согласност со Уставот и законите. Очекувам и во овој случај секој, врз основа на своите обврски што ги има, врз основа на ингеренциите да презема одредени постапки и согласно на тоа да сноси последици за чекорите што ги преземал, рече македонскиот претседател Ѓорге Иванов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...