Од Нимиц ништо ново

Њујорк, 10 февруари 2011 (МИА) - Нема нов предлог. Има многу елементи на маса за кои дискутиравме во изминатите години. Двете страни знаат кој е проблемот и кои се можните решенија и изразија подготвеност да ги продолжат разговорите, изјави посредникот на ОН Метју Нимиц по синоќешната двочасовна средба во Њујорк со претставниците на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

- Атмосферата беше многу добра. Двете страни ги презентираа своите позиции. Има позитивно расположение да се реши проблемот, изјави Нимиц. Како прогрес во процесот ги оцени минатогодишните средби на премиерите Груевски и Папандреу, кои, како што вели, имале позитивно влијание во напорите да се дојде до решение.

Тој побарал од двете страни да продолжат да размислуваат за решение, да ги преразгледаат позициите, да преземат чекори во правец на градење меѓусебна доверба, и да се воздржат од чекори кои предизвикуваат конфузија и недоразбирање.

Амбасадорот Јолевски потврди дека Нимиц не дал конкретен предлог за името, туку биле разгледани повеќе опции за решавање на спорот.

- На средбата со медијаторот Нимиц и мојот колега Василакис ги презентирав позициите на Република Македонија.  Информирав дека Македонија е искрено определена за заемно прифатливо решение кое ќе го заштити идентитетот и дигнитетот на македонските граѓани, изјави Јолевски за Гласот на Америка на македонски јазик.

Василакис, пак, како што пренесуваат грчките медиуми, ја оцени средбата како формална, а целта била да се види до каде е процесот по пауза од една година од последната рунда разговори.

- Она што можеме да го направиме во овој момент е да ги известиме нашите влади за заклучоците од средбата и да видиме што ќе се случи понатаму. Ја знаете грчката позиција која повеќепати ја кажаа премиерот и министерот за надворешни работи, и затоа нема потреба да се повторува, рече Василакис.

Пред заедничката средба во неговата канцеларија на Менхетен, медијаторот претходно и одвоено разговараше со двајцата преговарачи. Нимиц, Јолевски и Василакис синоќа имаа и заедничка работна вечера.
Датум за следна средба не е прецизиран. Нимиц најави дека ќе биде закажана по меѓусебните усогласувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...