Македонија веднаш да почне преговори со ЕУ

Брисел, 10 февруари 2011 (МИА) - Македонија веднаш да ги почне преговорите за членство во ЕУ, се бара во Нацрт резолуцијата подготвена од словенечкиот европратеник  Зоран Талер за која денеска дебатира Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент.

- Знаеме дека проблемот е во Советот на ЕУ. Резолуцијата тој проблем со Грција го дефинира на начин, кој сака да објасни дека Македонија е жртва. Се повикува и високата претставничка за надворешна политика Кетрин Ештон, како и комесарот за проширување Штефан Филе, поактивно да се вклучат и да се пресече Гордиевиот јазол, рече Талер во изјава за МИА.

Талер, кој е известувач за Македонија во Европскиот парламент, изрази задоволство што голем број европратеници го поддржуваат конструктивниот пристап на резолуцијата. Тој потсети дека во Европскиот парламент денеска, една година по донесувањето на последната резолуција за земјата, се формира и групата за пријателство со Македонија.

Во дебатата пред Комисијата за надворешна политика, Талер потсети дека барањето за почнување преговори останува, како и во резолуцијата од минатата година, и оти на ниво на ЕУ овој став го застапуваат покрај Европскиот парламент и Европската комисија. Според него, Македонија се наоѓа во добро друштво бидејќи по расправата за напредокот на Турција, Хрватска и Црна Гора, денеска се дискутира за неа заедно со Исланд.

- Се надевам дека овие две земји кандидати (Македонија и Исланд) истовремено ќе станат членки на ЕУ, рече словенечкиот европратеник.

Клучната порака во оваа нацрт-резолуцијата е дека со неа се предлага Македонија да започне преговори за полноправно членство во ЕУ. Во неговата резолуција се опфатени три подрачја - недостигот на политички дијалог во државата, кој доведе до бојкот на Парламентот од опозицијата, независноста или зависноста на судството и медиумските слободи. Талер особено инсистираше на улогата на специјалниот претставник на ЕУ во Македонија Ерван Фуере, кој според него „од се срце, секојдневно, дење и ноќе“ вложувал напори за Македонија да напредне на патот кон ЕУ. Но, за жал, додава, тој беше изложен на напади, што не е добро. Деблокирањето на сметките на медиумите од „Перо Наков“, за Талер претставува позитивен развој и знак дека државата се залага за слободата на критичките медиуми. 

Покрај критиките, во неговата резолуција има и 11 позитивни забелешки во кои се гледа прогрес и е ставен акцент за напредокот, кој треба да биде постигнат. Во годината кога се слави 10-тиот роденден од Рамковниот договор, кој останува темелот на кој почиваат етничките односи во земјата, според словенечкиот европратеник од редовите на европските социјалисти, потребно е да дојде до „усогласување“ меѓу Скопје и Брисел за да се прослави годишнината за и понатаму да се развиваат  на позитивен начин меѓунационалните односи.

Талер на крајот ја пофали „стабилизирачката улога“ на Република Македонија во регионот, со нејзиното учество во мировните и воените мисии на ЕУ и НАТО.

- Во државите од Западен Балкан често има недостиг на дијалог, постои отворено непријателство меѓу политички личности, затоа сакам да им испратам повик на европските пратеници да избегнеме да заземаме пристрасни позиции и да не поддржуваме еден или друг. Ние нема да бидеме избирани во Македонија или на пример во БиХ, им порача Талер на колегите европратеници.

Романската европарламентарка Норица Николај од групата  на Сојузот на европските демократи и либералите, оценувајќи дека извештајот е урамнотежен, смета дека Македонија постигнала голем напредок иако се уште има проблеми. Таа се надева дека тензиите од Албанија нема да се одрзат во Македонија  и дека земјата ќе треба да направи дополнителни напори околу независноста на судството. - Однесувањето на политичарите во Македонија треба да се европеизира и да се подобри политичкиот дијалог, рече Биколај.

Германскиот европратеник Елмар Брок, оцени дека е потребно  да се најде консензус за да напредува процесот на реформите во Македонија. Тој смета дека треба да се промовира општествениот дијалог, а поделбата која постои во земјата и поради која не се води дијалог не е добра за неа.

- Можеме да бидеме критични за реформскиот процес, можеме да имаме различни мислења за медиумите, судството, но не можеме да прифатиме да не се заседава во парламентот. Да се заседава во Парламентот кога ги изгубивме изборите и кога сме во опозиција, тоа е обврска.  Да се напушти Парламентот кога немаме мнозинство е неприфатливо и тоа треба да се каже јасно. Во Европа демократијата Функционира на следниов начин: кога не сте задоволни можете да извршите притисок преку парламентарен пат, тоа треба да и биде пренесено на опозицијата и на другите во регионот, порача Брок.

Неговиот словачки колега Едуард Кукан  го оцени предложениот документ од страна на Талер како „многу сериозен“. - Го поддржувам дека е потребно да започнеме преговори со Македонија многу брзо, рече Кукан. Ако во претходниот извештај во 2010 забележавме сериозен напредок, тој изрази  жалење што работите не напреднаа како што се посакуваше. За политичките тензии во Македонија и тој оцени дека бојкотот на Парламентот од опозицијата не е  најпогоден начин.

- Политичките недоразбирања треба да се решаваат преку дијалог во институциите создадени за тоа, во спротивно, тоа   само ќе ја стави земјата во целосен и некорисен ќорсокак, забележа Кукан. Според него, одложувањето на преговорите со Македонија за уште една година нема да ја подобри ситуацијата на земјата, туку напротив стравува оти ќе ги засили националистички тензии во земјата, а тоа може да има влијание и на целиот регион.

Холандската европратеничка Марије Корнелисен  од групата на Зелените смета дека во споредба со лани, Македонија сега има повеќе внатрешни отколку надворешни проблеми, забележувајќи оти бојкотот на парламентот станал модел во регионот. Таа вели дека Европскиот парламент треба да остане непристрасен во однос на бојкотот на опозицијата, иако сите политички групи во ЕП имаат притисок од нивите сестрински партии во Македонија. Проблемот според Корнеслисен „повеќе е во недостигот на политичка култура, отколку во  деловникот на Парламентот“.  Таа посебно изрази загриженост поради немањето напредок во изнаоѓањето решение за името, што го одлага почетокот на преговорите со ЕУ. Корнелисен предложи да се размислува за начинот  и за механизмот на кој ќе се решаваат билатералните проблеми, не само за случајот со Македонија, туку и за идните слични проблеми.

Британскиот европратеник Чарлс Танок го критикуваше однесувањето на европските дипломати во Македонија и посебно на Ерван Фуере дека на некој начин ја игра улогата на „вице-крал или гувернер“ во земјата. Тој побара европските дипломати да се воздржат од мешањето во внатрешните работи.

- Ценам оти треба да се каже дека дипломат не треба да се меша во внатрешната политика на земјата, што очигледно е случај кај Фуере, рече Тенок. Тој притоа нагласи дека неговата политичка група го оценува  извештајот дека „е со негативна боја за земјата која е изложена на бојкот од поголема земја и од внатрешни тензии“.

Грчката европратеничка Мариа–Елени Копа смета дека  дека не треба да се обвинува Грција за блокада на Македонија кога, како што таа рече, „земјата не ги исполнува Копенхашките критериуми во врска со слободата на медиумите, независноста на судството...“ Атина, според неа, се обидува да се решат проблемите, но, вели, Македонија нема намера да попушти. 

Потребно да се најде терен на разбирање, наместо ѕидови кои ги делат луѓето. Се  изгради ѕидот на Александар Велики кој ја дели Македонија од нејзините соседи. Ако Македонија сака да бидеме нејзин адвокат за проширувањето, таа треба да направи напредок рече словенечкиот либерал Јелко Кацин.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, во дебатата се задржа на како што рече, „проблемот со малтретирањето на македонските граѓани кои се изјаснуваат како Бугари“.

Грчкиот европратеник Каралампос Ангуракис оцени дека на народот на „поранешната југословенска република Македонија  денес му се нанесува неправда“. - Се бара многу од него, без да се зборува за основата односно не се критикува политиката на Европската комисија и Советот на ЕУ кон земјата. Пратеникот од групата на Обединетата европска левица посебно се интересираше за синдикалните права во Македонија.

Словенечкиот европратеник Алојз Петереле  смета дека во извештајот е  констатиран напредок, но по некои прашања Брисел е премногу критичен. Во иднина според него е потребно да се има попријателски пристап со конструктивна критика за земјата да не попушти во напорите за напредок кон ЕУ. Околу бојкотот на Собранието, тој смета дека Европскиот парламент треба да бидат непристрасен.

Шведската европратеничка Ана Ибрисагиќ смета дека резолуцијата предложена од Талер е урамнотежена, но ќе треба да се дополни. И таа укажа дека политичката борба треба да се води во Парламентот, а не на улиците.  Ибрисагиќ посебно инсистираше дека е потребно да се биде внимателен за сигналите кои се испраќаат кон народот и земјата. Потребно е, вели, работите да се променат, односно земјата веќе не може да чека за почеток на преговори.

Австрискиот европартеник Јоханес Свобода од редовите на социјалистите го заклучи делот од расправата за политичкиот дијалог и бојкотот на Парламентот. Според него, политичките партии кои се избрани треба да заседаваат во Парламентот, и за тоа прашање не треба да се дискутира во ЕП. Свобода притоа нагласи дека сака земјата да се најде на преговарачката маса, но не сфаќа зошто Македонија носи провокативни мерки кон Грција“. Тој смета дека ЕП не треба да зазема позиција по ова прашање.

Предложената резолуција на словенечкиот европратеник Зоран Талер има седум страници и триесетина точки и во неа покрај другото се нагласува дека „билатералните проблеми треба да бидат решавани во духот на добрососедство, водејќи сметка за општите интереси  на ЕУ, притоа се повикуваат сите актери да покажат одговорност и одлучност  во решавањето на сите прашања кои претставуваат кочница во процесот на зачленување во ЕУ и на политиката на ЕУ во регионот.

Европратениците имаат рок до 15 февруари да поднесуваат амандмани за дополнување или измена на резолуцијата, која потоа ќе се најде на дневниот ред на Европскиот парламент на пленарна сесија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...