Срушена црквата на Кале

Скопје, 11 февруари 2011 (МИА) - Стотина лица синоќа урнале дел од сакралниот објект на скопското Кале што го гради Министерството за култура.

Случајот е пријавен во полицијата од страна на чуварот кој го обезбедувал објектот при што се пожалил дека на местото дошле стотина лица кои му се заканувале и почнале со оштетување на конструкцијата на објектот. Полицијата веднаш излегла на терен и ја констатирала состојбата, а допрва треба да се утврдува причинетата штета.

- Министерството за внатрешни работи против сторителите ќе постапи соодветно, како и во други случаи, изјави за МИА портпаролот на МВР Иво Котевски.

МВР за да утврди кој стои зад уривањето на објектот на Кале, ќе ги прегледува снимките на медиумите кои биле присутни.

Според очевидци, на скопското Кале синоќа биле и функционери на ДУИ, меѓу кои министерот за здравство Бујар Османи, заменик министерот за внатрешни работи Џеват Бучи и градоначалникот на Чаир Изет Меџити. Претставници на ДУИ пред десетина дена побараа да се прекине изградбата. 

Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман по реакциите во врска со изградбата на сакралниот објект на Калето изјави дека привремено ќе бидат прекинати сите активности за, како што рече, да се разјаснат нејаснотиите. Според Кузман, на Калето се реализира проект за „Конзервација, реставрација, и реконструкција со покривна конструкција на сакрален објект - црква од 13 - 14 век“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...