Одговарам само пред Ахмети

Скопје, 14 февруари 2011 (МИА) - Заменик - министерот за внатрешни работи Џевад Бучи денеска изјави дека ќе поднесе оставка само доколку тоа лично од него го побара лидерот на ДУИ Али Ахмети оти само пред него сноси одговорност за својата работа.

- Ќе поднесам оставка, само доколку тоа лично го побара лидерот на ДУИ Али Ахмети. Пред него сносам одговорност за мојата работа, изјави Бучи пред  седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.  

За вчерашниот инцидент на Калето, кога Бучи, според некои медиуми, интервенирал на еден од учесниците да му бидат извадени лисиците, тој вели дека како заменик-министер имал ингеренции да го стори тоа.

Во неделата кога се случи инцидентот меѓу поддржувачите на изградбата на музеј-црква и оние кои се против изградбата, на Кале бил во својство на граѓанин, за да спречи ситуацијата да ескалира.

- Беше напнато и тензично. Доколку сте заборавиле јас сум заменик-министер и тоа беше неопходно и мораше да се направи. Морав да ја смирам ситуацијата за да не ескалира, изјави Бучи.

Околу неговото присуство и интервенцијата за време на инцидентот на Кале тој вчера разговарал и со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...