Груевски во работна посета на Вашингтон

Вашингтон, 15 февруари 2011 (МИА) – Потврда на американско-македонското пријателство, презентација на главните реформски зафати и спорот за името со Грција се главните теми на средбата на американскиот потпретседател Џозеф Бајден со премиерот Никола Груевски, што утре ќе се одржи во Вашингтон.
 
Груевски, јави известувачот на МИА, ќе се задржи на реформите кои се спроведуваат со цел достигнување на европските и евроатлантските стандарди и остварување на аспирацијата за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, кое е и стратешка определба и приоритет  на Владата.
 
На средбата ќе бидат поздравени одличните политички односи, а ќе стане збор и за продлабочување на соработката меѓу двете земји како значаен чекор за надградба на Договорот за стратешко партнерство, како и реафирмација на интересот на двете страни за соработка базирана на доверба на сите полиња.

Се очекува да стане збор и за прашањето за името, при што македонската делегација, во која покрај Груевски се и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, амбасадорот Зоран Јолевски и Мартин Протоѓер, шеф на Кабинетот на македонскиот премиер, ќе ја потенцира посветеноста за надминување на отвореното прашање со Грција што ќе ги деблокира македонските евро атлантски интеграции. Исто така  ќе биде истакната и нашата конструктивност и одговорен пристап за наоѓање решение на ова прашање.

Предвидено е денеска премиерот Никола Груевски да има средба со Стивен Кнап, претседател на Универзитетот Џорџ Вашингтон, еден од најугледните универзитети, при што ќе разменат мислења и искуства околу модалитетите за континуиран развој и обезбедување  повисок квалитет на високото образование, како и преземање искуства кои може да се применуваат во Македонија.

За време на дводневниот престој во Вашингтон македонскиот премиер ќе оствари и повеќе средби со сенатори и конгресмени.

Посетата на Груевски на САД е подготвувана од август минатата година, а датумот на средбата со Бајден, како што неодамна изјави американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, бил определен пред Нова година.

Премиерот Груевски е третиот македонски политичар што доаѓа во САД само во последните десетина денови, што е потврда за одличните американско-македонски односи. Минатата недела средба со Бајден во Вашингтон имаше и претседателот Ѓорѓи Иванов, а министерот Милошоски во Лос Анџелес присуствуваше на 100-годишнината од раѓањето на Роналд Реган.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена, кои порано никогаш не се виделе, се нашле заедно во воз. Се стемнило и си легнале. Мажот легнал на горниот кревет, а жената на долниот. Сред ноќ мажот се наведнал кон...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1289.- Основана е инквизицијата, суд на...
1521.- Под команда на султанот Сулејман Втори,...
1619.- Роден е Жан Батист Колбер, француски...
1632.- Роден е англискиот филозоф Џон Лок. Како...