Почина пациент со потврден грип А (Х1Н1)

Скопје, 15 февруари 2011 (МИА) - Уште еден пациент на 39-годишна возраст вчера почина од пандемскиот тип на грип А (Х1Н1).

Лицето претходно немало хронични заболувања, а на Клиниката за инфективни болести бил примен на 6 февруари со висока температура, мускулни болки и кашлица, по што прво бил ставен на кислородна поддршка, а потоа на респиратор. И покрај напорите на лекарите и дадената терапија, во текот на вчерашниот ден бил констатиран смртен исход.

На Клиниката за инфективни болести во изминатото деноноќие амбулантски биле прегледани 19 пациенти со симптоми на грип, од кои шест се хоспитализирани и таму во моментот болнички се лекуваат 53 лица со докажана или суспектна инфлуенца, од кои еден е на интензивна нега и на кислородна поддршка.

На Клиниката за детски болести амбулантски биле прегледани шест деца, од кои три биле хоспитализирани и таму во моментот болнички се лекуваат 12 деца, од кои едно е на интензивна нега.

Во Градската општа болница „8 Септември“ амбулантски се прегледани 17 лица, од кои три се хоспитализирани и таму болнички се лекуваат седум пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај деца-Козле амбулантски било прегледано едно дете, четири биле хоспитализирани и таму се лекуваат 12 деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...