Претседателот на ДИК Новаковски поднесе оставка

Скопје, 23 февруари 2011 (МИА) - Претседателот на Државната изборна комисија Александар Новаковски денеска поднесе оставка до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.

- Со оглед дека со последните случувања во целост е загрозена мојата непристрасност и доверба, која мора да ја има секој претседател на Државната изборна комисија, сметам дека треба да се повлечам од оваа функција во интерес на заштита на кредибилитетот на ДИК и мојот досегашен професионален ангажман, се вели, меѓу другото, во оставката доставена до спикерот Вељаноски.

Новаковски посочува дека за време на својот мандат во ДИК, го вложил сиот свој капацитет и знаење да придонесе за создавање на сите неопходни услови за регулирање на изборниот процес, особено во насока на одржување фер и демократски избори.

- Државната изборна комисија во овој период ги исполни сите предвидени цели и создаде услови и капацитети за успешно спроведување на сите предизвици односно дека е подготвена стручно да спроведе избори кога Собранието на Република Македонија ќе одлучи за тоа, вели во оставката Новаковски.

Александар Новаковски е член на ДИК од 2005, а на оваа функција е избран во 2006 година. Тој на оваа позиција дојде како предлог на опозицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...