Утре седница за почеток на избор за претседател на ДИК

Скопје, 24 февруари 2011 (МИА) - Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за утре закажа седница  на Собранието на која ќе отпочне постапка за избор на нов претседател на Државната изборна комисија.

- Во интерес на непречено функционирање на Државната изборна комисија во полн состав, согласно предвидените процедури и во насока на создавање на сите претпоставки за одржување на фер и демократски избори, за утрешниот ден закажав седница на која ќе отпочне постапка за избор на нов претседател на Државната изборна комисија. Постапката ќе трае согласно предвидените законски рокови, се вели во писмената изјава од претседателот на Собранието Вељаноски.  

По вчерашната оставка на претседателот на ДИК Александар Новаковски, со работата на Државната изборна комисија во моментов раководи заменикот - претседател на Комисијата Субхи Јакупи.

- Истовремено, според оценката на претседателот на ДИК во оставка, Државната изборна комисија располага со капацитет за успешно совладување на сите предизвици и е подготвена стручно да спроведе избори кога Собранието на Република Македонија ќе одлучи за тоа, наведува Вељаноски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...