Собраниска седница за избор на нов претседател на ДИК

Скопје, 25 февруари 2011 (МИА) - Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за денеска закажа седница  на Парламентот на која ќе отпочне постапка за избор на нов претседател на Државната изборна комисија.

- Во интерес на непречено функционирање на Државната изборна комисија во полн состав, согласно предвидените процедури и во насока на создавање на сите претпоставки за одржување на фер и демократски избори, за утрешниот ден закажав седница на која ќе отпочне постапка за избор на нов претседател на ДИК. Постапката ќе трае согласно предвидените законски рокови, се вели во вчера објавената писмена изјава од претседателот на Собранието Вељаноски.  

По завчерашната оставка на претседателот на ДИК Александар Новаковски, со работата на Државната изборна комисија во моментов раководи заменикот - претседател на Комисијата Субхи Јакупи.

- Истовремено, според оценката на претседателот на ДИК во оставка, Државната изборна комисија располага со капацитет за успешно совладување на сите предизвици и е подготвена стручно да спроведе избори кога Собранието на Република Македонија ќе одлучи за тоа, наведува Вељаноски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...