Собранието расправа за избор на нов претседател на ДИК

Скопје, 25 февруари 2011 (МИА) - Во Собранието на Република Македонија во тек е 142. седница на чиј дневен ред единствена точка е изборот на нов претседател на Државната изборна комисија, откако завчера оставка поднесе  Александар Новаковски.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски  на почетокот на седницата информира дека Новаковски нема усно да ја образложи неговата оставка, по што констатира дека му престанува функцијата претседател на ДИК.

Пратениците не го прифатија предлогот на пратеничката Роза Топузова Каревска да се одложи денешната седница затоа што, смета, не е добро да се одржи без присуство на најголемата опозициска партија.

- Лидерите на најголемите партии од македонскиот блок Никола Груевски и Бранко Црвенковски да седнат и со дијалог да ја разрешат оваа ситуација, затоа што најголемата одговорност ја имате вие од парламентарното мнозинство и на коалицијата ВМРО - ДПМНЕ и ДУИ, предложи Топузова Каревска.

Пратениците од ВМРО - ДПМНЕ ја повикаа опозицијата да се врати во Собранието и да се почнат институционалните постапки за одржување предвремени парламентарни избори, по нивно барање. Повикуваат во името на стабилноста и безбедноста на Македонија, пратениците од СДСМ да дадат свој предлог за претседател на ДИК и в понеделник на координација да разговараат по нивните барања за спроведување фер и демократски избори.

Потсетувајќи оти за одржување предвремени парламентарни избори најгласни беа барањата од опозициските партии, пратеничката Ермира Мехмети уште еднаш ги повика пратениците од опозицијата да се вратат во Собранието. Таа укажа дека за ДУИ не се прифатливи политиките на бојкот, туку со дијалог, рече, да се издигнеме над бојкотот и да се изгради зрел политички однос. Мехмети нагласи дека ДУИ не е заинтересирана да одите на предвремени изботи, подвлече, без фер, објективен и прифатлив договор од сите политички партии.

Како предлагач, пратеникот Илија Димовски нагласи дека без разлика на околностите во кои функционира Собранието, тој како претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата има обврска да ја отвори постапката за избор на претседател на ДИК.  Тој оцени дека политичката волја и кариера на еден човек не смее да биде пред интересот на Република Македонија.

Според него, Новаковски е брутално отстранет од функцијата претседател на ДИК, а оставката е плод на уцена под која се наоѓал од страна на неговата матична партија СДСМ. Димовски предупреди дека во ДИК членува уште еден кандидат од СДСМ - Тања Алтанџиева, која, рече, најверојатно ќе биде подложена на силен притисок од СДСМ да ја напушти функцијата со цел да внесе дополнителна заблуда дека ДИК не може успешно да организира евентуални идни избори во Македонија. Тој ја охрабрува Алтанџиева да ги стави државните и интересите на институциите пред партиските и политички интереси на било кој политичар.

- Сме подготвени да се соочиме со граѓаните и да го вратиме нашиот мандат, со цел да се канализира политичката тензија и да се обезбеди нормално и демократско функционирање во Собранието, рече Димовски, нарекувајќи ги пратениците од опозицијата  дезертери од политичките процеси затоа што по шестмесечно барање предвремени парламентарни избори  ги блокираат институциите на системот.

За Зоран Петрески пратеник од ВМРО - ДПМНЕ оставката на Новаковски е јасен показател дека опозицијата секаде каде што има свои членови, подвлече, ги контролира. ВМРО - ДПМНЕ не е само владејачка, туку е и партија која носи одговорност за состојбите во државата, и затоа, укажа, на не сериозната политика на СДСМ мораме да постапиме, да донесеме одлука и да спречиме и понатаму Република Македонија да се наоѓа во ситуација во која и граѓаните, и бизнисмените и меѓународната заедница ќе бидат во исчекување дали ќе има или не предвремени парламентарни избори.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО - ДПМНЕ, Силвана Бонева осврнувајќи се на барањата на СДСМ - „Доста е избори веднаш“, потенцира дека изјавата на Новаковски дека е чист Избирачкиот список и со него може да се оди на избори, е причината за притисокот од СДСМ тој да си даде оставка од функцијата претседател на ДИК. Ги повика пратениците од СДСМ да се вратат во Собранието и да го почитуваат законот и демократските принципи кои владеат во Република Македонија.

- Народот не избра да носиме, но и да ги почитуваме, а не да ги кршиме законите. Ние сме партија која нуди стабилност преку спроведување на законите, а не да спроведуваме беззаконие кое го бара од нас Бранко Црвенковски, рече Бонева.

Претседателот на Собранието Вељаноски  претходно информира дека седницата за избор на нов претседател на ДИК е закажана во интерес на непречено функционирање на ДИК во полн состав, согласно предвидените процедури и во насока на создавање на сите претпоставки за одржување на фер и демократски избори.

- Според оценката на претседателот на ДИК во оставка, ДИК располага со капацитет за успешно совладување на сите предизвици и е подготвена стручно да спроведе избори кога Собранието на Република Македонија ќе одлучи за тоа, наведува Вељаноски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...