Опозицијата нема да присуствува на координацијата

Скопје, 28 февруари 2011 (МИА) - Во Собранието на Република Македонија денеска треба да се одржи координативна средба, што претседателот на законодавниот дом Трајко Вељаноски првично ја закажа за петокот, но поради неприсуството на опозицијата ја презакажа за денеска. Првиот парламентарец повика да надвладее разумот и опозицијата да се врати во Собранието и да се распишат предвремени избори.

Според најавите од СДСМ, опозициските пратениците и овој пат нема да го прекинат бојкотот и да се вратат во Собранието.  

Доколку опозицијата не дојде на координацијата,  како што најави во петокот Вељаноски, владејачкото мнозинство ќе биде приморано да ја продолжи работата без нив.

Претседателот на Собранието, потпретседателите и координаторите на пратеничките групи денеска треба да се изјаснат за текстот на одлуката за основање парламентарна комисија за утврдување на состојбата со избирачкиот список, за измените и дополнувањата на Изборниот законик (согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР) и на Законот за судскиот совет, согласно препораките на ЕУ. Ова се прашања кои директно се однесуваат на барањата на опозицијата.

Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев на вчерашната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за координацијата во Собранието на која би се разговарало за нивните барања и за изборот на претседател на ДИК рече дека се залудни таквите потези на Вељаноски и оти нема елементарни услови за што пратениците да се координираат. Клучот за исполнување на нивните барања, според опозициските партии, е во рацете на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

НСДП, ЛП И НА во петокот побараа одржување лидерска средба на која би се разговарало за актуелната политичка состојба во земјата, идеја што ја поддржаа и пратениците од ДУИ.

Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека доколку процени дека има потреба и ако има ефект таква средба ќе се одржи. - Доколку нема изгледи за таков ефект, нема да има. Лидерска средба би имала смисла доколку опозицијата дојде и се договориме за една недела да го распуштиме Парламентот и да одиме на предвремени парламентарни избори, рече Груевски и додаде дека не ја исклучува можноста да има избори и покрај бојкотот на опозицијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...