СДСМ да предложи кандидат за претседател на ДИК

Скопје, 28 февруари 2011 (МИА) - Во Собранието на Република Македонија денеска се одржа координативна средба на која во отсуство на опозицијата, како што информира претседателот на законодавниот дом Трајко Вељаноски, се расправало за избор на претседател на Државната изборна комисија (ДИК), формирање привремена Комисија за утврдување на состојбата со Избирачкиот список, Изборниот законик и измените на Законот за Судски совет.

На средбата донесен е заклучок претседателот на ДИК да биде од најголемата опозициска партија СДСМ.

Вељаноски во таа насока ги повика во законскиот рок до сабота СДСМ да достават нивен предлог-кандидат за претседател на ДИК. За кандидатот од опозицијата, нагласи тој, ќе биде дадена целосна поддршка.

За Комисијата за утврдување на состојбата со избирачкиот список утврдено е дека треба да биде составена од претседател и десет члена. Претседателот треба да биде од СДСМ, а по еден член од четирите политички партии од опозицијата - НСДП, ЛДП, ДПА и НД, како и членови од владината коалиција. Според Вељаноски, Комисијата од седум најдоцна до десет дена треба да ја констатира состојбата со Избирачкиот список. До четврток, информира претседателот на Собранието, треба да бидат доставени персоналните решенија за составот на Комисијата по што, како што рече, на 15-ти март на редовна собраниска седница заедно со изборот на претседател на ДИК би биле ставени на дневниот ред.

Вељаноски најави дека в четврток на координативната средба претставник од Министерството за правда ќе ги образложи дадените решенија за Изборниот законик и за Судскиот совет.

На новинарско прашање што ако до утврдениот законски рок СДСМ не предложи кандидат за претседател на ДИК, Вељаноски потенцира дека секој што мисли за доброто на граѓаните на Република Македонија треба да го искористи правото што го има и да не се прави непотребно жртва во целиот процес.

- Ние продолжуваме и треба да бидеме коректни. Тој што цело време повикуваше на предвремени избори откако тоа се овозможи треба да се вратат и да не прават дополнителни проблеми за да ги изгласаме потребните документи и да одиме на избори, рече Вељаноски по денешната координација.

Тој уште еднаш апелираше до опозицијата да се врати во Собранието и в четврток да присуствува на координативната средба.

Одговарајќи на новинарско прашање дали на 15-ти март ќе ги распише предвремените парламентарни избори, Вељаноски дециден „не“, појаснувајќи оти согласно Уставот и законите должен е прво да го распушти Собранието по што би се распишале избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...