Од месечината се гледа стравот на Црвенковски

Скопје, 28 февруари 2011 (МИА) - Од месечината освен Кинескиот ѕид се гледа и стравот на Бранко Црвенковски од предвремени избори. Условите што денес ги има со Законот за избори се подобрени во однос на 2006 година, а ние ќе направиме се изборите да бидат фер и демократски, изјави денеска во Скопје премиерот Никола Груевски.

- Апсолутно, ние ќе направиме се што е во наша моќ изборите да бидат фер и демократски и такви и ќе бидат. Ние ќе поканиме и странски набљудувачи да ги мониторираат изборите во што е можно поголем број. Но, она што сакам да го испратам како порака до Бранко Црвенковски и до СДСМ е дека во 2006 година ние имавме полош од овој Закон за избори, затоа што законот се подобри со измените во 2008, а треба уште еднаш да се подобри со новата измена што ќе ја направиме, па сепак победивме, рече Груевски по отпочнувањето со изградба на катна гаража кај Судска палата.

- Ние имавме во тоа време ситуација кога министерот за правда беше член на Судскиот совет, па сепак победивме. Ние имавме ситуација кога избирачкиот список не беше прочистен во 2006 па сепак го победивме СДСМ. Значи, во многу полоши услови од овие што се денеска, од позиција на опозиција во 2006 година ВМРО-ДПМНЕ победи на тие избори. Нека не се вадат дека ете нешто не чинело, да се подобрело и тоа ќе било услов за бојкот итн. Се гледа од месечината, освен кинескиот ѕид и стравот на Бранко Црвенковски. Поочигледно од ова што го прават да се види нема во Република Македонија и пошироко, додаде Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...