Опозицијата најави бојкот на евентуалните предвремените избори

Македонските опозициски партии ќе ги бојкотираат предвремените парламентарни избори ако премиерот Никола Груевски не ги исполни нивните барања за организирање фер и демократски избори. Ѓорѓи Оровчанец, од Нова демократија денеска го пренесе ставот на сите опозициски партии, кои беа на состанок во седиштето на СДСМ, дека само предвремени фер и демократски избори се решение за кризата која ја создал Груевски.

Опозициската СДСМ неодамна побара исполнување на пет услови за одржување на предвремени избори – нормално функционирање на сите медиуми во Македонија, особено на А1, А2, Време, Шпиц и Коха е Ре, и рамномерна распределена на владините пари за медиумски кампањи, усвојување на уставни измени со кои би се отстранил министерот за правда Маневски од Судскиот совет, да се пристапи кон консензуално усогласување на сите измени на изборниот закон и да се формира собраниска комисија за прочистување на избирачкиот список.

“Барањата на опозицијата мора да биде исполнети. Сите барања се логични, разумни и неопходни. Ако Груевски не ги прифати значи дека не сака избори. Ќе се вратиме во Собранието, кога Груевски ќе вети дека сите барања ќе бидат прифатени. Се додека не се исполнат не се враќаме во Парламентот. Тоа значи дека ако Груевски реши да организира избори без исполнување на барањата опозициските партии нема да излезат на избори“, изјави Оровчанец во седиштето на СДСМ.

Според него, сите барања што ги постави опозицијата се легални.

“Судскиот процес во случајот “Пајажина“ не треба да влијае на работата на медиумите. Тоа значи дека судскиот процес треба да продолжи, а медиумите да се тргнат настрана“ го пренесе Оровчанец, ставот на сите опозициски партии, кои денеска се сретна во седиштето на СДСМ на состанок за актуелните политички состојби и за се погласните најави за предвремени парламентарни избори.

Партиите од опозицијата порачаа дека нема да излезат на избори ако се режирани.

“Груевски ја бојкотира економската криза, сопствените програми и самиот народ“, дециден е Оровчанец.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...