Вељаноски ја достави до СДСМ листата на кандидати за претседател на ДИК

Скопје, 8 март 2011 (МИА) - Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска согласно законските одредби, ја доставил листата на пријавени кандидати за претседател на Државната изборна комисија до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

- Очекувам, во законски предвидениот рок од три дена, СДСМ до мене да достави предлог за претседател на Државната изборна комисија, кој заеднички ќе биде изгласан на седницата на Собранието на Република Македонија закажана за 15 март 2011 година и со што ќе исполниме значајна претпоставка за одржување на фер и демократски предвремени избори, се наведува во писмената изјава на претседателот на Собранието.

СДСМ информираше дека во следните два дена ќе донесе одлука кој од кандидатите за претседател на ДИК ќе го поддржи.

Комисијата за избори и именувања денеска ја констатира листата на кандидати кои ги исполнуваат условите за претседател на ДИК и ја препрати до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Сите седум пријавени кандидати ги исполнуваат условите за претседател на највисокото изборно тело.

На листата се Розита Џартовска, адвокат, Милан Тонески, правник, Тања Алтанџиева, член на ДИК и правник, предложена од СДСМ и Борис Кондарко, адвокат и поранешен пратеник од СДСМ и член на ДИК, Арбен Гоља, адвокат, Лазар Трајчев, адвокат и Влатко Сајковски, актуелен член на ДИК.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...