СДСМ останува на четирите барања

Скопје, 16 март 2011 (МИА) - Донесување Изборен закон со консензус на сите релевантни парламентарни партии, контрола на прочистување на Избирачкиот список, усвојување на закон за рамномерност на буџетските кампањи во медиумите и одблокирање на сметките на А1, Време, Шпиц и Коха е ре, се четирите барања кои треба да обезбедат услови за одржување на слободни, фер и демократски предвремени избори, рече на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ Јани Макрадули.

Тој ги негира изјавите дека на вчерашната средба на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски, владејачката партија прифатила 40-50 барања на опозицијата. Макрадули посочи дека не се прифатени нивните барања за одблокирање на сметките и за закон за регулирање на рекламирањето на Владата со буџетски средства. За Изборниот закон, не е прифатено барањето за зголемување на бројот на претставниците на политичките партии во избирачките одбори и законски да се зголеми потребниот стаж за претседателите на избирачките одбори.

- За избирачкиот список не го прифати нашиот рок од 30 дена, за целосна контрола на прочистувањето, иако овој рок овозможува одржување на изборите на пролет. Не ги прифатија нашите барања за допрецизирање на гласањето на дијаспората, особено како ќе го остварат своето право на глас, членовите на избирачките одбори од Македонија, кои ќе бидат испратени по светот. За барањето за загарантирани места на помалите етнички заедници, и другите барања за избирачкиот процес, признаа дека не може да гарантираат целосна имплементација, додека не се согласат и останатите поголеми парламентарни партии, рече Макрадули.

Тоа, вели, потврдува дека е потребно да се одржи средба на која ќе учествуваат лидерите на релевантните политички партии.

- СДСМ останува на ставот дека пред враќањето во Собранието, треба да се усогласиме за сите прашања поврзани со изборниот процес, и по усвојувањето на сите акти да се оди на слободни, фер и демократски предвремни избори, изјави Јани Макрадули.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...