Не одам на средба кај Иванов

Скопје, 18 март 2011 (МИА) - Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски попладнево на прес-конференција во партиското седиште соопшти дека нема да учествува на вечерашната лидерска средба што ја свика претседателот Ѓорге Иванов.

- Нема да учествувам од две причини бидејќи не гледам зошто би одел на средба во состав кој не гарантира минимум неопходен консензус за утврдување на фер правила на игра за претстојните парламентарни избори. И второ, уште помалку имам намера да бидам покритие за средба меѓу Груевски и Ахмети на која тие ќе ги надминуваат своите коалициски меѓупартиски недоразбирања и пазарења, образложи Црвенковски.

Од кабинетот на претседателот Иванов, како што посочи, не добиле објаснување врз кои критериуми на средбата биле поканети само ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. 

- Го повикам претседателот Иванов да свика вистинска логична лидерска средба. Таа е потребна и неопходна. Тоа не е прашање на волја на претседателот. Во вакви политички околности тоа е и негова обврска. И однапред кажувам дека во тој случај со задоволство на таквата средба ќе присуствувам, рече Црвенковски.

Според него, средбата во формат што ја закажа претседателот Ѓорге Иванов „нема логика ниту на релација власт - опозиција, ниту по етничка припадност“.

- Во изминатите години се одржаа бројни лидерски средби, некогаш тоа било во формат 2+2, 3+3 и сите парламентарни партии, меѓутоа никогаш во ваков состав, додаде Црвенковски.

Претседателот Ѓорге Иванов за денеска доцна попладне закажа средба со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДУИ Али Ахмети, во обид да се надминат отворените политички прашања во врска со предвремените парламентарни избори, бојкотот на Собранието и обновување на дијалогот власт-опозиција. Средбата на партиските челници со шефот на државата треба да се одржи во претседателската вила „Водно“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...