Во недела нова лидерска средба кај Иванов

Претседателот Иванов закажа нова лидерска средба за во недела на која повторно ги повика лидерите на најрелевантните политички партии во земјава, Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски на СДСМ и Али Ахмети на ДУИ.

Иванов вчера во вилата Водно се сретна само со Груевски и Ахмети, откако Црвенковски по поканата, на прес конференција изјави дека нема да присуствува на средбата.

По средбата Иванов нагласи дека целта на средбата била да се поттикне дијалог за да може да се постигне решение кое треба да се донесе во Собранието, за да се надминат отворените политички прашања во врска со предвремените парламентарни избори, бојкотот на Парламентот и обновување на дијалогот власт-опозиција.

На средбата беше поканет и лидерот на Нова демократија Имер Селмани, кој исто така не се појави.

Иванов ги повика Црвенковски и Ахмети да ги поканат оние личности за кои сметаат дека треба да бидат присутни на лидерската средба, а кои од претседателот не биле поканети.

-Во време кога имаме веќе имаме најава за вонредни избори, кога не очекуваат сериозни одлуки за деблокирање на сите прашања со кои се блокира евроатлантскиот процес на Република Македонија, кога не очекуваат сериозни прашања поврзани со пописот, и имаме прашања за кои мораме да постигнеме договор преку дијалог, мислам дека е крајно несериозно да се одбива покана на претседател на држава, кој поаѓа пред се од државните интереси и интересите на граѓаните на Македонија“, изјави Иванов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...