Македонија и Грција ќе ги соочат аргументите пред Судот во Хаг

Скопје, 21 март 2011 (МИА) - Пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг денеска ќе почне јавната расправа по тужбата на Република Македонија против Република Грција заради кршење на Времената спогодба потпишана меѓу двете земји од 1995 година.

Според агендата објавена на веб страницата на Судот, јавната расправа ќе трае до 30 март, а ќе се одвива во две фази.

Во првата, денеска и утре, својата аргументација пред судиите ќе ја образложи македонската страна, а на 24 и 25 март контра-аргументите ќе ги соопштат грчките застапници. Во втората фаза, на 28 март, тимот што ќе ја претставува Македонија ќе има можност да одговори усно на одбраната на Грција, а јавната расправа ќе биде заокружена на 30 март со завршниот збор на грчката страна.

Република Македонија ќе ја застапува министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, а козастапник е македонскиот амбасадор во Кралството Холандија Никола Димитров. Во тимот што ќе ја застапува Македонија пред МСП се и четворица професори по право од Лондон, Вашингтон, Брисел и Сорбона, како и двајца нивни колеги од Правниот факултет при УКИМ.

Со апликацијата се бара МСП да утврди оти на Самитот во Букурешт од април 2008 година Грција го повредила членот 11 од Времената спогодба, односно дека приговорила на упатувањето покана на Република Македонија за членство во НАТО во услови кога ќе и се обраќаат под привремената референца.

Од Судот се бара и да и наложи на Грција веднаш да ги преземе сите потребни чекори во правец на почитување на своите обврски од членот 11. Македонската страна побарала за време на процесот Република Македонија да биде ословувана со привремената референца во целост, а не нејзиниот акроним што е во согласност со Резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН. Судот кој ќе одлучува по жалбата на Македонија го сочинуваат 15 судии од целиот свет и во него нема судии од Македонија и од Грција.

Двете страни во спорот имаат именувано по еден ад-хок судија. Македонската страна ќе ја претставува судијата од Хрватска Будислав Вукас. Во аргументацијата на македонската страна ќе бидат презентирани меѓу другото и сите јавно достапни изјави, писма, интервјуа и текстови на грчките државни органи и овластени лица објавени во медиумите за кои се смета дека се корисни и употребливи.

Грција, пак, според изјавите на портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас, ќе се спротивстави на македонските аргументи со контраобвинување дека Скопје ја прекршило Привремената спогодба со, како што вели, употребата на хеленистички симболи и оти правниот процес бил политички мотивиран.

Судот ќе одлучува по жалбата по завршувањето на усното соочување, односно по 30-ти март, а пресудата се очекува да биде донесена пред или по летните одмори, а најдоцна наесен. Пресудите на Меѓународниот суд на правдата се конечни и обврзувачки за земјите-членки на ОН, односно за страните во спорот.

Пресудата каква и да биде Македонија ќе ја почитува и македонските застапници не би ја прејудицирале пред да биде изречена. Најзначајно е, истакнуваат, пред Судот да се претстават аргументите на Македонија и сите факти врз чија основа се очекува да биде донесена праведна одлука. Овој спор, подвлекуваат, не се однесува на политичкиот македонско-грчки спор за името и Судот нема да решава за разликата за името меѓу двете држави.

Постапката пред Судот и преговорите за надминување на разликите околу името се два одвоени и неповрзани процеса. Не се очекува пресудата да влијае врз преговарачките позиции на Македонија за името, а македонските државни претставници во повеќе наврати укажаа дека Македонија и со и без оваа тужба ќе го продолжи политичкиот дијалог за спорот да добие завршница бидејќи единствен начин за решавање на името се преговорите под закрила на ОН.

Станува збор за меѓународно-правен спор во кој предмет на тужба е само Грција, а не и НАТО и се однесува на грчкото поведение пред и за време на Самитот во Букурешт. Апликацијата пред Меѓународниот суд на правдата против Грција, Македонија ја поднесе во ноември 2008 година по што следеа два обемни писмени поднесоци односно меморандуми од 20 јули 2009 и 9 јуни 2010 година.. Грчката страна пак, приложи меморандуми – одговори на македонските поднесоци и тоа на 20 јануари 2010 и на 27 октомври истата година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...