Скопје, 21 март 2011 (МИА) - Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала регистриран е денеска во 10 часот и 3 минути со епицентар кој наоѓа 120 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија.
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот го почувствувале жителите на Дебар и други места од југозападниот дел од Македонија.