Нова лидерска средба

Скопје, 22 март 2011 (МИА) - Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Нова демократија денеска повторно ќе се сретнат кај претседателот Ѓорге Иванов во уште еден обид да ги усогласат ставовите околу предвремените парламентарни избори.

Во понеделникот рано наутро во претседателската вила „Водно“ беше постигната согласност за Изборниот законик односно во избирачките одбори да има четворица партиски членови, рокот за контрола на Избирачкиот список да биде 30 дена од формирањето на Комисијата во Собранието и да се редефинираат границите на шестата изборна единица поради поголем број гласачи од законски дозволеното.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски изјави дека прифатиле условно две од четирите барања на СДСМ доколку излезат на избори.

 - Прифативме две барања условно, што значи доколку не оди на избори нема да ги прифатиме и тие, затоа што имаме сериозни аргументи против. А тоа се барањето на СДСМ, изборните одбори да имаат од вкупно пет, четири партиски членови, и да добијат триесет дена рок за контрола на пречистениот Избирачки список, рече Груевски.

Она што не можат да го прифатат, односно или е нелогично или не е во нивна надлежност, се деблокирање на сметката на А1 и закон за медиуми. Но, и тука укажале дека по изборите се расположени да отворат поширока јавна дебата во која ќе се вклучат и медиумите. За Црвенковски, како што истакна Груевски, ова не било прифатливо.

И покрај тоа што условно биле прифатени барањата на СДСМ за избирачките одбори и за избирачкиот список, на директно прашање на Груевски, лидерот на опозицијата рекол дека не е постигнат договор.

Црвенковски, според него, побарал уште една средба која е прифатена.

Лидерот на СДСМ Црвенковски рече дека тие, иако е направен одреден напредок, доколку не се исполнат сите нивни барања, нема да се вратат во Парламентот и оти останува отворена можноста за бојкот на евентуалните предвремени избори.  

Потврди дека е постигнат напредок за прашања поврзани со Изборниот законик, односно за избирачките одбори и рече дека СДСМ се откажала од барањето за загарантирани квоти за помалите етнички заедници.

- Постигната е и согласност за ревидирање на границите на шестата изборна единица, на барање на Селмани, поради поголемиот број избирачи од законски дозволениот, како и за контрола на Избирачкиот список, рече лидерот на опозицијата. Контролата, изјави Црвенковски, треба да се направи за триесет дена откако СДСМ ќе се врати во Собранието.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...