ЛДП ќе учествува на изборите, НСДП се уште гради став

Скопје, 23 март 2011 (МИА) - ЛДП ќе учествува на предвремените парламентарни избори, а НСДП ставот за тоа прашање ќе го гради допрва, изјавија денеска во Собранието на Република Македонија пратениците Андреј Жерновски и Горан Мисовски.

Жерновски во изјавата ја искажа разочараноста на ЛДП од исходот на лидерските средби. - Иако работите во Македонија се многу сериозни, за жал лидерите на ВМРО - ДПМНЕ и на СДСМ се однесуваат крајно несериозно, рече Жерновски.

Според него, веќе неколку месеци политичкиот дијалог во Македонија е сведен исклучиво на бранење на партиските, а не на државните интереси. Со тоа, како што рече, лидерите на двете најголеми политички партии придонесуваат за продлабочување, како на политичката, така и на економската криза.

- За нас овие средби се најдобар повик до гласачите на Република Македонија на претстојните избори да ја бојкотираат политиката и на ВМРО - ДПМНЕ и на СДСМ. Ќе биде штетно за интересите на државата и на граѓаните било која политичка партија да ги бојкотира изборите, додаде Жерновски.

За Горан Мисовски вчерашната средба кај претседателот Ѓорге Иванов, покажува дека ВМРО - ДПМНЕ бега од договор и сака да организира режирани избори.

- Се прави се опозицијата со сила да се отстрани од изборниот процес и предвремените избори да се организираат само со поддршка на партиските мегафони и медиумите блиски до ВМРО - ДПМНЕ, а останатите медиуми кои професионално си ја вршат својата работа ќе бидат уценувани и врз нив ќе се врши жесток притисок, изјави Мисовски. Смета дека излез за состојбата во која се наоѓа државата се предвремени избори, кои мора да бидат организирани со договор на сите политички партии застапени во Собранието на лидерска средба кај претседателот Иванов со директен пренос на МРТ.

Прашан за учеството на НСДП на предвремените парламентарни избори, тој рече дека одлуката околу тоа прашање ќе ја донесе централниот одбор на партијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...