ВМРО-ДПМНЕ предлага избори на 5 јуни

Скопје, 30 март 2011 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ согласно Уставот и законите  и согласно предвидената динамика и рокови, ќе предложи до Собранието на Република Македонија предвремените парламентарни избори да се одржат на 5 јуни 2011 година,  соопшти денеска на прес-конференција премиерот и лидер на партијата Никола Груевски.

Тој и порача на опозицијата и на сите оние кои мислат дека постојат и други опции освен фер, слободни и демократски избори оти, како што наведе, Македонија нема алтернатива освен чекорењето напред.

- Фер, слободни и демократски избори ќе има. Оние што ќе сакаат да го нарушат тоа ќе бидат жестоко казнети од институциите на системот. Јас, но и ти Бранко многу добро знаеме дека граѓаните на овие избори ќе изберат напредок, наместо транзиција, изјави Груевски.

Претходно денеска, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски објави дека неговата партија  се откажува од сите барања и ќе учествува на изборите, но нема да се врати во Собранието. Побара владејачката партија да го соопшти датумот за избори.

Груевски коментирајќи ја одлуката на СДСМ, рече дека Црвенковски и неговата партија ја измалтретирале целата македонска јавност и меѓународната заедница.

- Господине Црвенковски зошто беа потребни четири месеци на ширење на гнев, омраза, деструкција за по толку време да речеш пу пу не важи. Тоа е неодговорно. Откако му наштети на угледот на Република Македонија, откако го стави под ризик позитивниот Извештај на Европската комисија и препораката за почнување на преговори за полноправно членство во ЕУ, откако се живо стави во ризик и откако и домашната и меѓународната јавност го осудија целосно, а неговите луѓе во партијата и неговите коалициски партнери почнаа сами да се подготвуваат за настап на избори, откако виде дека останува потполно сам, замислете тој донесе ваква одлука, изјави Груевски.

Одлуката, според Груевски, Црвенковски ја донел „откако видел дека коалицијата на власт и покрај неговите уцени, блефови и деструктивни однесувања и закани за египетски и туниски сценарија, решила да оди на избори“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...