Го знам стилот на Црвенковски

Скопје, 31 март 2011 (МИА) - Премиерот Никола Груевски вчерашното интервју на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во вестите на А1 го оцени како форма без суштина.

- Плукање, напади, клевети, закани, низок стил на речник како да живее во деведесеттите кога имаше таков вид на дискусии одвреме навреме во кои и самиот се натпреваруваше колку поприземно ќе го обвини противникот, а притоа да не понуди никаква програма. Слушнавме дека ќе градел фабрики, ќе го нахранел народот. Замислете Бранко ќе го нахранел народот. Еве и тоа го чувме сега. Минатите избори имаше ветено по едно вработување од семејство, а сега ќе го нахранува народот. Јас само се прашувам што не го нахрани кога беше премиер во повеќе наврати, што не изгради фабрики, што не изгради други работи, јас не се сеќавам една работа да изградил. Ниту фабрики, ниту театри, ниту го нахрани народот, ниту едно вработување од семејство, ниту музеј изгради, ниту ништо, рече Груевски, одговарајќи на новинарски прашања по садењето дрвце на Водно, во рамки на акцијата за пошумување на Република македонија - Ден на дрвото.

Од негово време, додаде тој, не памтиме ниту една работа завршена, ниту започната. - Од негово време не памтиме ниту една реформа, не памтиме нешто што се создало и останало. Затоа велам форма без суштина, плуќања, обвинувања, клевети, а нема понуда, најава за некаква програма - ќе ја видите, ќе видите - што вештачка еуфорија со филатирање на членството да одат по улици, да вејат знамиња, да пуштаат музики, ги носи со него да му аплаудираат. Вистина нешто веќе видено, истакна премиерот Груевски.

Во однос на критиката на Црвенковски дека власта врши притисок врз слободата на медиумите, тој одговори дека Црвенковски е човек кој неколку медиуми веќе ги претвори во партиски, освен телевизијата на која беше вчера, а се појавува секоја недела и узурпира по половина час од вестите. - Тој е човек кој другите телевизии ги навредува, ги етикетира, а само тие што го прифаќаат секоја недела по половина час да им биде гостин во вестите ги означува за слободни и демократски, рече Груевски.

За обвинувањата дека власта не гради, туку краде, и оти парите од ММФ ќе ги троши за партиските војници, премиерот потсети дека досега имаше куп клевети од страна на Црвенковски, но притоа повторно праша дали некој во државата се сеќава на нешто што тој го изградил. - Дали се сеќава, што би рекол неговиот пријател Велија, во минатото камен на камен да ставил, човек којшто никогаш не изградил, никогаш ништо не создал и не му преостанува ништо друго туку да клевети дека ние нешто крадеме. Ние градиме и тоа е неговата разлика меѓу него и нас, истакна премиерот Никола Груевски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...