Почина Доста Димовска

Скопје, 4 април 2011 (МИА) - Директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, Доста Димовска по кратко боледување денеска почина во Софија.

Димовска е родена на 17 февруари 1954 во Скопје. Завршила Филозофски факултет во Скопје, каде работела и како стручен соработник.

Таа е позната поетеса и политичар. Нејзината политичка кариера почна 90-тите години на минатиот век.

Димовска беше на високи државни и партиски функции. Во 1991 е избрана за заменик-претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот на партијата во Прилеп. До 1994 е пратеник, а во тој период раководи со парламентарната Комисија за меѓународни односи.

Во 1998 година Димовска е избрана за вицепремиер во кабинетот на Љупчо Георгиевски. Од декември 1999 година до мај 2001 година е министерка за внатрешни работи. Во 2002-та година поднесува оставка од партиските функции од партиски причини. На 25 февруари 2002 година е назначена за директорка на Агенцијата за разузнавање, а функцијата ја напушта на 5 мај 2003 година.

Од почетокот на 2007 година Доста Димовска беше директорка на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...