Иванов ќе побара помош од унгарските власти

Будимпешта, 11 април (МИА) – Натамошна поддршка и помош за следниот чекор во евроинтеграциите - одредување датум и почеток на пристапните преговори, ќе побара претседателот Ѓорге Иванов на денешната тет-а-тет средба со својот унгарски колега Пал Шмит.

Одредувањето датум за преговори ќе значи силно охрабрување на Република Македонија да продолжи со реформите, позитивно ќе влијае на регионален план и ќе го одржи кредибилитетот на проширувањето како најуспешна политика на ЕУ. Ова ќе биде клучната порака на Иванов кој освен со Шмит, ќе се сретне и со премиерот на Унгарија Виктор Орбан.

Шефот на државата од унгарските власти ќе побара и засилен ангажман во укажувањето и убедувањето на партнерите во ЕУ за почитување на препораките од Европската комисија и Европскиот парламент и поставување на ова прашање на состаноците на ЕУ на највисоко ниво.

Во текот на разговорите, претседателот Иванов, како што информираат од неговиот Кабинет, ќе побара и фер третман кон Република Македонија, а ќе го посочи и примерот на Словенија и Хрватска за паралелно движење во интеграциите и решавање на билатералните спорови.

Се очекува Иванов детално да ги информира Шмит и Орбан за напредокот и постигнувањата на Македонија во интегративниот процес и за актуелностите во разговорите за надминување на разликите околу името. На средбите ќе стане збор и за билатералните односи меѓу двете земји со посебен акцент на економската соработка.

Шефот на државата кој престојува во дводневната официјална посета на Унгарија, ќе се сретне и со претседателот на Парламентот Ласло Ковер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...