Ќе работиме на деблокирање на евроинтеграцијата на Македонија

Будимпешта, 11 април 2011 (МИА) - Унгарија ќе направи се што е во нејзина моќ за надминување на статус кво состојбата во евроинтеграцијата на Република Македонија, му порача унгарскиот премиер Виктор Орбан на македонскиот претседателот Ѓорге Иванов денеска во Будимпешта.

Орбан на средбата со Иванов, јави известувачот на МИА, искажа целосна подготвеност и решеност Унгарија како земја-претседавач со Унијата да го држи на високо ниво прашањето за македонското ЕУ-интегрирање и на оваа тема да разговара со своите партнери во ЕУ.

Унгарскиот премиер изрази силна поддршка на македонските аспирации за членство во ЕУ и НАТО.

Шефот на македонската држава Иванов во текот на разговорите побара од Унгарија натамошна поддршка и помош за следниот чекор во евроинтеграциите на Македонија - одредување датум и почеток на пристапните преговори.

Иванов потенцирал дека одредувањето датум за преговори ќе значи силно охрабрување на Република Македонија да продолжи со реформите, тоа позитивно ќе влијае и на регионален план, а ќе го одржи и кредибилитетот на проширувањето како најуспешна политика на ЕУ.

Македонскиот претседател му предочил на Орбан дека од унгарските власти бара и засилен ангажман во укажувањето и убедувањето на партнерите во ЕУ за почитување на препораките од Европската комисија и Европскиот парламент. Иванов побара, како што напомена на средбата, и фер третман кон Република Македонија посочувајќи го примерот на Словенија и Хрватска за паралелно движење во интеграциите и решавање на билатералните спорови.

Истите овие пораки претседателот Иванов попладнево ќе му ги пренесе и на неговиот унгарски колега Пал Шмит со кој ќе има тет-а-тет средба во палатата Шандор.

Во разговорите со премиерот Орбан стана збор и за билатералните односи меѓу двете земји не само на политички, туку и на економски план.

Претседателот Иванов по средбата со Шмит ќе има интервју за националната телевизија Дуна. Денеска еден од највлијателните и најстари весници во Унгарија „Маџар Хирлап“ објави разговор со шефот на државата под наслов „Една силна Македонија би им била од корист на сите“. Во ова интервју претседателот зборува на повеќе теми, евроинтеграциите, прашањето за името, економијата.

На прашањето „што би им кажале на оние кои го доведуваат во прашање постоењето на Македонија“, Иванов одговара: - „Би им кажал дека е време да се разбудат, да ја сфатат реалноста и да настапат сериозно. Би ги поканил сите што зборуваат или посакуваат такви сценарија, да ја посетат Македонија и да се убедат дека е земја која сака мир, заснована на концептот на интеграција, без асимилација, со политичка агенда ориентирана кон реформи, земја на прагот на ЕУ и НАТО“.

Во рамки на дводневната посета на Унгарија, претседателот Ѓорге Иванов утре ќе се сретне и со претседателот на унгарскиот Парламент Ласло Ковер по што е предвидена и средба со македонската заедница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...