Нема пречка да и се даде датум на Македонија

Будимпешта, 11 април 2011 (МИА) – Република Унгарија стопроцентно стои зад Република Македонија и на дневен ред на следната седница на Советот на Европската унија ќе го постави прашањето за добивање датум за почеток на пристапните преговори. Ова е пораката што унгарскиот претседател Пал Шмит денеска на тет-а-тет средбата во Будимпешта му ја пренесе на македонскиот колега Ѓорге Иванов.

- Нема никаква пречка да се донесе одлука за да се даде датум за почнување преговори зашто тие може да траат три или четири години и во текот на тој период да се најде решение за проблемот. Проблемот со името треба да се реши, но може да се донесе одлука за давање датум за почеток на преговорите, изјави Шмит по средбата со Иванов, јави известувачот на МИА.

Не е фер, напомена Шмит, земја како Македонија да биде отстранета од целиот регион само поради вакво прашање. Според ставот на ЕУ, проблемите што се јавуваат на билатерален план треба да се решат до датумот на приклучувањето на земјата во ЕУ.

Европската унија не сака да си внесе билатерални проблеми, а земајќи предвид дека Македонија е таа што тропа на вратата, од неа се очекува да направи чекор.

Одговарајќи на новинарско прашање, Шмит рече дека Унгарија ја призна Република Македонија кога во ОН се користеше името ФИРОМ но, тоа не е пречка во билатералните односи да се користи името Република Македонија.

- Можеби Европската комисија го избегнува ова прашање за користењето на името, но ме исполнува со надеж тоа што минатата недела Европскиот парламент донесе одлука дека треба да почнат преговорите со Република Македонија, посочи Шмит.

Унгарија, сепак, не сака да се меша во прашањето за името, но разговара со двете страни и посочува да најдат соодветно решение.

- Крајно време е на Македонија да и се овозможи чекор напред кон евроинтеграциите и оваа статус-кво состојба да заврши со добивање датум за почеток на преговорите зашто како ретко која земја кандидат ги исполнуваме условите што од нас се бараат во овој процес. Тоа ќе биде позитивен сигнал не само за нас, туку и за целиот регион, напомена Иванов во заедничката изјава.

Тој, како што рече, се надева дека во следните три месеци додека Унгарија е се уште претседавач со Унијата, Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите.

Иванов го информирал унгарскиот претседател за реформите и за состојбата со јужниот сосед. Македонија ги реализира обврските, но проблемот со името е надвор од тие рамки.

- Како земја кандидат имаме обврски во реформите на јавната администрација, судството,..., но тие се остваруваат во активностите на самите институции, не се пречка за почеток на преговорите и нема можност да не се реализираат. Тие обврски овозможуваат реформите да напредуваат и да се одржи нашиот евроентузијазам. Но проблемот со името веќе излегува од тие рамки, подвлече Иванов.

Двајцата претседатели на средбата се согласиле дека политичките и економските односи меѓу Македонија и Унгарија ќе продолжат да се развиваат и продлабочуваат. Унгарија е трета земја од аспект на вложен капитал во Македонија. Многу скоро, најави Шмит, ќе биде потпишан и договор за стопанска соработка.

Иванов оцени дека официјалната посета се случува во период многу значаен за двете земји, кога Унгарија е претседавач со ЕУ, а Македонија е пред добивање датум за почеток на пристапните преговори. Тој изрази задоволство од континуирана поддршка на Унгарија во однос на македонското евроинтегрирање и од досегашниот политички дијалог. 

Шефот на македонската држава денеска се сретна и со премиерот на Унгарија Виктор Орбан од кого исто така побара силна поддршка за евроинтеграциите и одредување датум за почеток на преговорите. Утре,  претседателот Иванов ќе се сретне со претседателот на унгарскиот Парламент Ласло Ковер, како и со претставници на македонската заедница.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...