Собранието го избра Борис Кондарко за претседател на ДИК

Скопје, 12 април 2011 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска на продолжението од 143 седница со 80 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан, го избра Борис Кондарко за претседател на Државната изборна комисија.

Изборот на Кондарко за претседател на ДИК, е на предлог на опозициската СДСМ, чии пратеници не присуствуваа на денешната седница.

Со изборот на прв човек на ДИК и со синоќешното изгласување на измените на Изборниот законик се создаваат услови за распуштање на Собранието што неговиот претседател Трајко Вељаноски го најави за 14 април. Тој ги информира пратениците дека одлуката за распуштање на Собранието потпишана од 79 пратеници е доставена до него и потсети оти во четврток во 12 часот ќе се одржи седницата за распуштање на Парламентот.

Се очекува веќе следниот ден првиот парламентарец да ги распише предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 5 јуни. Вељаноски вчера ги повика опозициските партии да се вратат во Собранието и да учествуваат на седниците за избор на претседател на ДИК и за распуштање на Парламентот.

Пратениците во рамки на 143 седница денеска го донесоа и прогласија и Амандманот XXXII на Уставот на Република Македонија, за кој е исто така потребно двотретинско мнозинство.

На продолжението од 139 седница, пак, со двотретинско мнозинство Собранието денеска го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка, која е единствена останата точка од дневниот ред на таа седница.

По нејзиното завршување пратениците продолжија со работа по 148 собраниска седница на која со потребното двотретинско мнозинство и со мнозинство од гласовите на етничките заедници беа донесени  измените и дополнувањата на Законот за општа управна постапка, измените на Законот за кривичната постапка и Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, сите во второ читање.

Во рамки на 148 седница без расправа беа донесени и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за животната средина, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со отпадот и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнувања на Законот за водите, сите во второ читање. Законодавниот дом ги донесе и законите за прогласување на Преспанското Езеро, односно на Дојранското Езеро за споменици на природата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...